ЗАГИНА ТУРИСТ: Паднал од летечки балон


Дански турист загина денеска откако падна од летечки балон во турската област Кападокија поради силен ветер, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“.balon

Педесет и четири годишниот Јенсен Бени Карл утрово се качил на балонот заедно со уште 20 лица, повеќето туристи, во округот Невшехир во централниот дел на Анадолија, каде што се наоѓа Кападокија.

Кога балонот почнал да се спушта за приземјување во реонот Карадак, се разлулал од силниот ветер и данскиот државјанин ја пуштил рачката, за која сите патници треба да се држат.

Тој паднал од кошницата на балонот врз скали и се здобил со тешки повреди на главата и фрактури по телото. Мажот бил веднаш пренесен во болница, каде им подлегнал на повредите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1