Загина за да спаси човечки живот – тоа и била последната желба


Млада девојка од САД сакала да спаси човечки живот и сонот и се остварил, но на најтрагичен начин.

Во средно училиште Ребека си направила листа на работи кои треба да ги направи во животот, а тоа биле: да отпатува во Шпанија, да се бакнува на дожд и да спаси живот.rebeka-735x400

Цела листа и се остварила, но последната желба ја чинело живот.

Младата Ребека Таунсенд загина, откако го турнала својот другар од патот за да не го прегази автомобил.

Таа со другарот Бен Арне била да гледа огномет, а кога се враќале, автомобил ја прегазил, а Бен преживеал благодарение на неа.

„Последно на што се сеќавам е дека Ребека ми рече да бегам“, им рекол Бен на родителите на Ребека.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1