Загинаа девојка и момче од лавина кај Банско


Девојка и момче загинале денес откако настанала лавина во Пирин, во регионот на Банско, кај врвот Тодорка.

Наводно, жртвите сами ја предизвикале лавината, пренесува „ offnews.bg“.

Прво било откриено едно од телата, а малку подоцна и другото.

На местото работел целиот одред на Планинска спасителска служба – Банско, заедно со кучиња трагачи.

Оттаму препорачуваат скијачите и сноубордистите да не се оддалечуваат од пистите и да не навлегуваат во опасни зони.

Според „Блиц.бг“, загинатите се Бугари.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1