Дваесетгодишната Езги Садет влегла во автобус заедно со своите пријатели и сите тргнале на југот од Турција, каде се нашле со останатите активисти. Само неколку моменти по оваа фотографија, насмеаната девојка загинала во терористичкиот напад кој однесе повеќе од 30 животи.
Езги ја поставила фотографијата на Инстаграм. Младата девојка тргнала во турскиот град Суруч, претежно населен со Курди, како би ја поддржала кампањата за обновување на сирискиот град Кобане, кој е уништен во граѓанската војна.
Непосредно пред терористичкиот напад таа ја објавила последната фотографија на која се смее заедно со колегите додека биле на пат за Суруч. Откако оваа фотографија била направена, екипата излегла од автобусот, кога следел терористичкиот напад.
Потсетуваме, во терористичкиот напад во Турција животите ги загубиле повеќе од 30 воглавно млади активисти кога бомбаш самоубиец активирал бомба пред Културниот центар во Суруч.