Загноени рани, рак на кожа: Вашиот маникир засекогаш може да ги уништи вашите нокти


Се поагресивните стилови на третман кои се применуваат денес во салоните за маникир можат многу сериозно да ги оштетат вашите нокти. Може да бидете подложни на инфекции, осипи.

article-2516515-1994241800000578-299_306x335

„Некогаш добивав многу коментари за моите нокти“ вели Антонија Мариконда од Велика британија, тв новинарка и водитeлка.

„ Одев редовно на маникир и тоа ми претставување прибежиште и место за опуштање. Воедно бев и горда на моите нокти кои изгледаа одлично“.

Меѓутоа таа сега ја плаќа цената од редовното местење на нокти и комплиментите кои ги добивала. Бидејќи со години редовно ставала вештачки нокти дошло до трајно оштетување на ткивото на ноктот, кои сега изгледаат истанчено и безживотно.

„Немав претстава дека зад елегантните исполирани површини моите нокти всушнст патат. “ Вели Антонија.

Лекарите и кажале дека ќе бидат потребни години за ноктите да и се вратат во нормала и можеби никогаш нема повторно да бидат силни како порано.

Antonia-Mariconda

Нејзините проблеми започнале кога нејзината маникирка ја убедила дека ноктите подолго ќе и траат ако проба да стави акрилни нокти.

„ Првиот пат кога ги ставив, бев презадоволна, изгледаа природно“

Но, кога се вратила да ги замени, приказната се сменила. Се покажало дека вадењето на ноктите е потешко од местењето. Исто така морале целосно да ги истурпираат од нејзините нокти.

„ Ми кажаа дека треба потполно да ја израмнат површината на ноктот за да може да се нанесе нов слој. Но, тие го направија тоа така агресивно што ноктот почна да ми крвари. Исто така забележав дека маникирката не ги фрла употребените турпии што воопшто не ми изгледаше хигиенски.“

Тогаш открила дека нејзините природни нокти не се повеќе како што биле – станале танки, кршливи и чувствителни.

Инфекции

giada-de-laurentiis-cuts-her-finger-while-filming-live-thanksgiving-special__oPt

Познатиот британски дерматолог, dr Nik Lou советува на жените кои не можат без професионален маникир да носат свој прибор во салонот за да го намалат ризикот од инфекција.

Тој исто така вели дека некои лакови за нокти, зацврстувачи и останати производи кои содржат материи како формалдехид  можат да предизвикаат алергиски рекации.


Опасни гелови

Геловите кои се многу популарни, и кои се применуваат за да зацврснат под УВ ламба, а се симнуваат со ацетон, исто така се голем ризик за здравјето. Додека нивниот пазар доживува бум, затоа што траат и по две недели, дерматолозите се загрижени за употребата на УВ ламбите која го зголемува ризикот од рак на кожа.

Студијата од 2009 година покажала дека две средовечни жени кои во фамилијата немале случај на заболен од рак на кожа, развиле тумор на рацете поради тоа што ноктите ги изложувале на УВ ламба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1