На интернет кружи слика од регионалниот пат до Сончевград, но она што ги загрижува скопјани е кракот нагоре, каде што на висина од околу 700 метри забрзано се раскопува дополнителен простор, пишува Утрински
Дали низ зеленилото на Водно ќе никнат објекти надвор од предвидената елитна населба Сончевград? Дали се работи за сосема друга градежна парцела? Можно ли е да се уништува дополнително количество шума за потребите на нови згради или сообраќајници што ќе генерираат стотици возила? Колку е важно здравјето наспроти инвестициите и урбанизацијата кои интензивно почнаа да ги освојуваат скопските бели дробови?
Ова се најчесто поставуваните прашања низ социјалните мрежи, блоговите и форумите каде што деновиве на големо се дискутира за градежната експанзија што го зафати Водно.