Имено, најновиот тренд на социјалните мрежи во Србија, појава потврдена и од директорите на основните училишта и од социолозите, кај нашиот северен сосед се шири како епидемија – девојчињата испраќаат свои разголени фотографии на други корисници на интернет, притоа веројатно несвесни за опасноста пред која се изложуваат.
Поради фактот дека колку попровокативна фотографија ќе објават, толку повеќе фанови и ќе имаат, девојчињата веројатно забораваат на опасностите, притоа уживајќи во вниманието, па истовремено ги повикуваат и своите пријатели нивните слики да ги споделуваат со останатите.
“Првпат слушнав за овој случај кога ќерка ми ме праша дали може да се запознае со едно од девојчињата. Кога го погледнав профилот на Фејсбук, речиси изгубив свест. Нејзините фотографии, на кои што таа позира целосно гола, може да се најдат на социјалните мрежи”, изјавила загрижената мајка Г.Л.
Една од најпопуларните девојки, која има повеќе од 5.000 пријатели на Фејсбук, себе си се нарекува “бранител на к******”, на својот Фејсбук профил објавувала бројни провокативни фотографии и видео содржини.
Она што е алармантно е и фактот дека покрај малолетните деца, под фотографиите кои што ги објавуваат девојчињата бројни коментари оставаат и полнолетни мажи, повикувајќи ги на секс.
“Една од нив оди во нашето училиште и се обидовме да ги предупредиме родителите. Меѓутоа, тие не прекорија со зборовите: “Не е ваша грижа што моето дете прави надвор од училиштето”. Наша должност е секое девијантно однесување на детето да го пријавиме.
Еден таков случај пријавивме и во Центарот за социјална работа, но немаше резултати. Не знам што овие деца треба да направат за родителите да реагираат”, изјавил директор на едно од белградските основни училишта.
Девојчињата, кои што имаат по неколку илјадници пријатели на социјалните мрежи, ги повикуваат заинтересираните деца на дружење и фотографирање.
“Училиштата во овој случај се немоќни, затоа што системот секогаш застанува во одбрана на децата. Родителите се помалку се загрижени за своите деца, па единствено важно им е тие да имаат добри оценки. Ова е слика и прилика колку нашето општество морално е уништено. Мора да се преземат сите неопходни мерки за да се прекине со ваквиот тренд”, изјавил Слободан Вуковиќ, социолог од Белград.
Профилите на девојчињата изобилуваат со пораки и фотографии кои едноставно не се соодветни за нивната возраст, а колку се тие популарни докажуваат и Фејсбук страниците на т.н. “озборувачи”, каде што се следи секој нивен чекор.
“Дознавме уште една интересна вест. Денес Т. Беше на училиште и со А.Б. заминаа во тоалетот, каде што зборуваа за нешто многу важно. Што беше толку итно, ќе се обидеме да дознаеме во колку што е можно пократок рок” , било наведено во една од објавите на ваквите страници.
Факт е и дека девојчињата кои што објавуваат свои разголени слики на социјалните мрежи не се свесни дека може да станат лесен плен на педофилите и сексуалните предатори. Драгана Чориќ, претставник на здружение за родители, изјавила дека незаинтересираноста на родителите е навистина загрижувачка.
“Со телефонот почнаа да се сликаат фотографии и со тоа се прекршуваат правилата за основна употреба на мобилните телефони. Истото е и со социјалните мрежи, треба да се споделуваат убави, но и лоши моменти од својот живот, треба да се споделуваат паметни цитати и слично, но нечии разголени фотографии дефинитивно не треба да се објавуваат на интернет”, нагласила Чориќ.
Крадела пари од дома за уценувачот
Минатата недела било откриено дека четиринаесетгодишно девојче од Нови Сад со месеци крадела пари од своите родители, за да го исплати лицето кое што ја уценувало преку Фејсбук.
Малолетничката неколку месеци била во врска со свој врсник, а во текот на овој период тој побарал од неа да му испрати разголени фотографии од себе си. По разделбата започнало и уценувањето, па девојчето неколку месеци крадело пари од своите родители, се додека тие не ја разоткриле.
Tocka.com.mk / Фото: Kurir