Полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Ш.С. (40) од кичевското село Зајас поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“.
Како што информира СВР-Охрид, пријавениот подолг временски период во семејниот дом, на различни начини, телесно ја повредувал и физички ја малтретирал неговата сопруга која случаите не ги пријавувала.
Последниот телесен напад се случил на шести минатиот месец во 10 часот и 30 минути кога пријавениот почнал жестока караница со сопругата, а потоа и физички ја нападнал. Од здобиените удари, жената се здобила со видливи телесни повреди, константирани во соодветна медицинска белешка од лекар во Општата болница во Кичево.