Закани, навреди на ѕидот на FB на пратеничките на СДСМ кои се вратија во Собрание


Изјавата на кандидатот за пратеник од редовите на опозициската СДСМ, Љубица Буралиева, дека се враќа во парламентарните клупи, предизвика бура реакции на нејзиниот „Фејсбук“ профил. Истото се случува и на профилот на Грчева

grceva-buralieva– Солза, ова е срам со кој ќе треба да живеете цел живот.

– Професорке за жал, многу Ви верував. Сега сум разочаран и затоа ќе Ве испратиме во историјата.

– Кажете ми со што се намачивте да станете пратеник? Срам да ти е, твојото дете е во Љубљана, ама нашите се во Македонија и ќе го трпат режимот.

– Алчноста те натера да станеш предавник.

– Колку ли СОЛЗИ пролеав пред тебе и колку ѓаволски ти верував? Ова е јавно бламирање за тебе.

– Солза, врати го мандатот затоа што го доби благодарение на нашите гласови. Не те гласавме да седиш во Собрание и да го легитимираш режимот.

На ѕидот на Буралиева пак пишува

– Ни се лоши од вашиот неморал. Неморално е да се седи во партија и да се глуми единство и согласност со партиските ставови се додека не седнете во собраниската фотелја.

– Ако бевте на листата самостојно, во систем кога еден кандидат пратеник собира брј на гласачи сам за себе, дали тогаш ќе стигневте до позицијата пратеник?

– Без СДСМ зад тебе 100 гласа немаше да освоиш. Срамна и бедна одлука – се само дел од коментарите.

buralieva-650x396-640x389

komentarliLjubica

komentariSolza1

 

komentariSolza

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1