Закон за јазиците во првите 100 дена влада или растурање на владината коалиција- закана на Зијадин Села


Закон за јазиците во првите 100 дена влада или растурање на владината коалиција- оваа закана на Зијадин Села упатена од синоќешното партиско собрание ги разбуди страстите во Алијансата на Албанците.

Еден од тројцата пратеници од коалициската листа на Села му посака среќа доколку се одлучи да ја напушти владата. Пратеникот од НДП Весел Мемеди смета дека законот за јазиците е веќе усогласен, па по техничката доработка ќе влезе вио собраниска процедура.

-НДП останува во Алијансата. Ние до сега имавме одлична соработка и за се бевме усогласени. Ние не сакаме да условуваме, работиме во интерес на албанската заедница. Сепак, доколку одлучат да бидат надвор од коалицијата, им посакуваме среќа, изјави Весел Мемеди, пратеник од НДП и член на Алијансата на Албанците

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека изјавата на Села е неискрена и дека е негов обид за пазарење во период на распределба на владините ресори.

И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во синоќешниот говор порача дека не очекува Села да преземе радикален чекор. Според него оваа реторика е обид да се изманипулираат гласачите Албанци во пресрет на локалните избори.

-Јас се кладам дека Села нема ни ронка храброст да излезе од владата. Се кладам јавно. Тукутреба само пред гласачите да се испере зошто закон за јазици нема да има до локалните избори, а тој се уште е во влада. Во влада е зошто му е така удобно, и заборави на потребите на Албанците, на реалните потреби на Албанците. Па ќе гледаме како ќе се убедуваат, уверуваат, па драма малку, и на крај ќе излезе Села и ќе каже ме увери Заев дека наскоро или по изборите ќе се донесе законот.И сега затоа ќе треба албанците да гласаат за нивната коалиција. Со исто ветување, две избори да превеслаат, рече Груевски.

Села неколку пати во изманитиот месец се закани со напуштање на владината коалиција доколку итно не биде усвоен законот со кој се регулира употребата на албанскиот јазик.

-Јавноста ќе биде сведок на усвојување на законот, и не верувам дека ќе бидат потребни другите чекори. Но, ако е потребно ние сме подготвени да ги преземеме тие чекори. Во јавноста имаше информации дека за ова треба да се изјасни венецијанската комисија, со оправдување дека законот може да падне пред Уставен суд. Не треба да се грижиме што прави Уставен суд, бидејќи тогаш ќе се појави потреба и од уставни измени, порача Села од вчерашната партиска конференција.

И претходно тој јасно му прецизираше рок од 100 дена на премиерот и коалициски партнер Зоран Заев.

Со реформскиот план 3-6-9 на владата беше утврдено дека нацрт законот ќе биде подготвен во првото тримесечје. Но владата најверојатно овој драфт ќе го достави до Венецијанската Комисија пред да го испрати на усвојување во Парламентот.

Sitel.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1