Група вооружени мажи упаднаа во луксузниот хотело„Коринтија“ во либискиот главен град Триполи, каде како заложници држат засега непознат број лица.
Претходно активирале бомба на паркингот на хотелот, а потоа преку дупката која ја направиле со експлозијата, влегле во хотелот.
При упадот во хотелот, во кој претежно престојуваат странци, се убиени тројца припадници на хотелското обезбедување.