Бурата Џуно го претвори Њујорк во град на духови – Вонредна состојба, затворено е се !


Затворени се патиштата и метрото, автобусите се паркирани во гаражите, аеродромите се затворени, училиштата не работат. Jа очекуваат бурата „Џуно“, која со себе ќе донесе дури 90 сантиметри снег и ветар кој би можел да достигне до 100 километри на час.njujork bura sneg

Градот што не спие ги затвори портите. Во Њујорк е прогласена вонредна состојба поради историското снежно невреме. Невообичаено тивко е и во Менхетен, срцето на „Големото Јаболко“ – само службите за чистење снег и случајни минувачи.

Издадено е предупредување на територија од 402 километри.njujork bura sneg2

10 милиони жители на источниот брег се скрија пред налетот на ветрот. Затворени се патиштата и метрото, автобусите се паркирани во гаражите, аеродромите се затворени, училиштата не работат.Над илјада авионски летови биле откажани, а Менхетн делувал морничаво празно, бидејќи патниците што го користат јавниот превоз си заминале дома порано, оставајќи зад себе празни улици.

Продавниците за храна се испразнети, а нема ни лопати за снег и други производи кои биле буквално разграбани од жителите на Њујорк кои се подготвуваат за вонредната ситуација.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1