Ослободен е и последниот заложник од филијалата на „Ситибанк” во центарот на Москва, која беше нападната од 55-годишен маж, претходно вечерва, соопшти ТАСС, цитирајќи соопштение на руската полиција.
– Внатре останува само групата, која преговараме со киднаперот, но повеќе нема заложници, велат од полицијата.
Кај напаѓачот немало експлозивна направа. Се утврди дека кутијата која ја закачил околу вратот и од која излегуваа жици, била полна со сол.
Еден од заложниците, кој се наоѓал во нападнатата филијала на банката, бил заменикот-главен уредник на ТАСС Глеб Брјански.
– Киднаперот немаше поглед на суров криминалец, туку на очаен човек. Тој многу се нервираше, постојано се извинуваше на заложниците и многу пушеше, раскажа Брјански.
Напаѓачот – Арам Петросјан, рекол дека е бизнисмен и оти до неодамна произведувал сетови за прва помош, но банкротирал.