Катерина Веловска, заменик министерка за економија поднела оставка, пренесува Дневник
Според весникот, оставката Велковска ја дала поради лични причини.
– „За жал, од посебни и пред сè, многу лични причини приморана сум да се повлечам од мојата функција заменик министер за економија и да Ви ја понудам мојата оставка“, пишува во оставката која е депонирана во Собранието.
Премиерот Никола Груевски веќе предложил пратениците да го изгласаат Христијан Делев, да го завземе местото на Велковска.