Париз, Франкфурт и Лондон зафатени од снежно невреме


Снежната покривка во некои делови на францускиот главен град Париз денеска достигна 30 сантиметри. Интензивните снежни врнежи кои започнаа вчера предизвикаа проблеми во сообраќајот во Париз.

ceska snegЕкипите на зимските служби не успеале да го исчистат снегот, а многу автобуски линии се откажани.
Жителите на главниот град одамна не биле сведоци на вакви врнежи од снег, а од ситуацијата најзадоволни се туристите.
Интензивните снежни врнежи предизвикаа голомразица и намалување на видливоста на најпрометниот европски аеродром во германскиот град Франкфурт, а 130 авионски летови се откажани.
Лондонскиот аеродром „Хитроу“ денеска откажа 20 проценти од летовите поради снегот во британскиот главен град Лондон.

Раководството на аеродромот соопшти дека откажувањето на околу 250 летови ќе му помогне да се избори со снеговите, кои се очекуваат и понатаму, без да прави дополнителни измени во распоредот на летови. Ова е трет ден по ред во кој се откажуваат летови поради снежното невреме. Помалите лондонски аеродроми „Станстед“ и „Гетвик“ соопштија дека работат нормално, но не ја отфрлија можноста за откажувања и доцнења на летовите.
Според метеоролозите, снежните врнежи веројтано ќе продолжат денеска и утре.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1