Лица во црни униформи легитимирале и заканувале граѓани во Tетовско, потврди заменик-министерот за внатрешни работи, Земри Ќамили, за порталот на албански јазик Журнал.
-Во неделата е едивентиран случај, кога непознати лица, облечени во црно, но без обележија и се заканувале на вработени во Водовод Тетово. Не се претставиле за претставници на некоја гарда. или како што се шпекулира, Илирида. – изјави Ќамили.
-Ќе продолжиме да собираме информации и да ја следиме ситуацијата, Од полициски аспект, ситуацијата не е за вознемирување, рече Ќамили.
Некои медиуми деновиве известија дека лица од Илирида легитимираат во тетовскиот регион.