Политиката на правото на азил во ЕУ мора да биде единствена и зајакната, а бегалците треба праведно да бидат поделени меѓу земјите, побараа германскиот заменик-канцелар Зигмар Габриел и министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер
Германија е пренатрупана со доаѓањето на невиден број бегалци во земјата, со предвидувања дека барањата за азил во 2015 година може да достигнат рекордно висока бројка од 800.000.
Габриел неделава ја обвини ЕУ дека „жално потфрлила“, додека германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер наведе дека поради големата имигрантска криза не може да се исклучи можноста за укинување на учеството во Шенгенскиот договор, кој овозможува патување без пасоши меѓу повеќето европски земји.