Заминала на слеп состанок – останала без бубрег и спасила живот (Фото)


Од состаноците на слепо со момче кое сте го запознале преку интернет не очекувате многу. Но ниту во најлудите сништа не би можеле да помислите на ситуацијата која и се случила на Џенифер Томас.Screenshot_213

Сепак, мажот со кој се сретнала Рич Одеа (43) бил многу фин, а во текот на состанокот успеале да дознаат повеќе еден за друг. Во еден момент тој и спомнал за жената на еден свој пријател, Ерика Браган, на која и била потребна трансплантација на бубрег.

 

Џенифер била толку воодушевена што се грижи за својата пријателка која има болест на бубрегот, што сакала да стапи во контакт со неа.

Се одлучила да и помогне па се тестирала и бидејќи биле иста крвна група, се понудила да донира бубрег за да и помогне на Ерика.12243389_10153766711598024_6675723727146388846_n

Иако романсата меѓу Рич и Џенифер не успеала, тие и понатаму се во контакт.

„Таа е навистина неверојатна личност. Кога Ерика и Џенифер во потполност ќе закрепнат и кога се смири ситуацијата, не би се двоумел повторно да излезам на состанок на слепо” – изјави во една прилика Рич.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1