Замрзнатиот дожд што паѓаше утрината во Чешка предизвика стотици автомобилски незгоди и повреди кај пешаците како последица од лизгање на улиците и тротоарите.
Најтешко погодени од мразот беа централниот дел на земјата и чешката метропола каде беше блокиран меѓуградскиот сообраќај.
Во Прага службите за итна помош интервенираa во околу 100 случаи на повреди по пад на тротоарите, што одговара на бројот на повредени лица во изминатите две недели.
Според полицијата, најголемиот број сообраќајни незгоди биле полесни, без жртви и причинета e само матетијална штета.
Предупредувањата на метеоролозите од голомразица попладнево се на понизок степен, но најавуваат опасност од појава на замрзнати коловози во текот на доцните вечерни часови.
Миа