Замрзнати се сите штабови на ВМРО ДПМНЕ, партијата не може да функционира


Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, денеска на прес конференција изјави дека одлуката за замрзнување на 69 објекти во сопственост на партијата го опфаќа целиот имот со кој располага ВМРО-ДПМНЕ. Како што рече тој вредноста на недвижнините кои се во сопственост на партијата изнесува околу 10 милиони евра, а нивното замрзнување, додаде, ќе предизвика сериозна штета во функционирањето на партијата.

Јанушев изнесе обвинувања дека СЈО и судот, кој го донел решението за замрзнување, се политички мотивирани за да се изврши политички прогон врз партиското делување на ВМРО-ДПМНЕ.

-За прв пат во историјата на Македонија се бара замрзнување на имот на партијата во опозиција. Оваа власт се обидува да забрани политичко делување кое се разликува од антидржавните политики на СДСМ. Одлуките на судиите се неосновани и без правна аргументација, исклучиво политички мотивирани. Не постои мандат и надлежност за определување вакво барање, а второ ВМРО-ДПМНЕ како правно лице не е осомничено во постапка, оттука очигледна е намерата на инспираторите на ова сценарио да се спроведе политички прогон со кој на партијата и се извршува штета и се спречува нормалното работење – рече Јанушев.

Според него во барањето на СЈО не е приложен ниту еден доказ со кој може да се извлече корелација со изречената мерка.

-Се повредува правото на слободно располагање со сопственост. Индикативно е тоа што по вакво барање Апелацискиот суд има одлучено и го има отфрлено ваквото барање. Одговорноста не ја презел еден судија туку е подолена на двајца спртивно на кривичната постапка. Бараме под итно да се укине решението за привремената мерка како неосновано и недозволено – додаде Јанушев.

Тој и порача на власта дека ВМРО-ДПМНЕ ќе бара лична и политичка одговорност.

-Да, можете да ни се заканувате, уценувате, блокирате и заплашувате, но знајте дека не ви се плашиме, само дополнително не мотивирате. Нема да не скршите бидејќи нема да ја скршите одлучноста во нашата борба за Македонија – рече тој.

Јанушев рече дека веќе е поднесена жалба за решението на судот.

Изречената мерка за замрзнување појасни дека ги опфаќа сите штабови на ВМРО-ДПМНЕ во сите градови низ Македонија.

-Партијата како политички субјект, како правно лице не е осомничена и ова е надвор од владеење на правото – подвлече тој.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1