Западнонилска треска дијагностицирана кај тригодишно дете во Прилеп


Институтот за јавно здравје од Скопје утврдил дијагноза, западно нилска треска кај тригодишен пациент од Прилеп, јави РеволуционерМК.zapaden nil treska

– Официјално добивме информација дека во вирусолошката лабораторија при Институтот за јавно здравје е утврдено дека кај пациент на три годишна возраст е дијагностициранa западнонилска треска. Претходно пациентот бил хоспитализиран неколку дена на детското одделение во болницата во Прилеп, за пошироко наше епидемиолошко истражување дополнително ќе известиме, изјави за РеволуционерМК, доктор Татијана Мургоска Станимировиќ, епидемиолог од Центарот за јавно здравје.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1