Прегазено петгодишно дете кај Велес, возачот избегал


Петгодишно дете е прегазено вчера во велешката населба Превалец. Детето со мајката и братот, се од селото Горно Јаболчиште, а во Превалец чекале превоз за дома.kliniki- brza pomos urgenten

Детето било прегазено од автомобил, а возачот избегал. Петгодишно дете без знаци на живот е донесено вечерва на хирушкото одделение во велешката болница, а лекарите не успеале да го реанимираат

Според информациите, несреќата се случила вечерва околу 20 часот на локалниот пат кој минува низ центарот на Превалец. Детето со мајката и братот, се од селото Горно Јаболчиште, а во Превалец чекале превоз за дома.

Пет годишното дете скоро без знаци на живот било донесено вечерва, околу 20.20 часот, на хирушкото одделение во велешката болница. По приемот подолго време лекарите се обидувале да го реанимираат и спасат, но за жал не успеале во намерата.

Несреќата ја потврди потпаролката на СВР Велес, Анита Стојковска, која вели дека полицијата превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1