Полицијата барала украден автомобил, а пронашла два тенка!


Добиле анонимна пријава за украден автомобил, а во шупата пронашле да тенка, како и околу 500 телевизори.

Бразилската специјалната единица на воената полиција, позната под кратенката РОТА, соопшти дека, додека барале украден автомобил, пронашле два тенка, јавуваат светските агенции.tenk11

Освен тенковите кои што биле без мотори, во Вилата Кариока во Сакому, во сиромашниот дел на Сао Паоло, пронајдени се и запленети околу 500 бтелевизори, делови за автомобили како и еден шлепер.

Од страна на полицијата приведен е чуварот на ово необично складилиште, а како што пишува сајтот УОЛ, синовите на сопственикот на шупата во полиција изјавиле дека тенковите се легално купени на аукција во 2003 година.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1