Aвтомобилот марка „Опел Астра“ е целосно уништен во пожар што се случил вчеравечер околу 21 часот. Автомобилот бил паркиран пред семејната куќа на судијката Г.Г токму пред прозорецот од детската соба-информира ДУМА.
Во моментот кога возилото се запалило судијката со семејството не била дома. Неа информацијата по телефон и ја соопштиле соседите. Тие пријавиле во пожарна и во полиција. Со брза интервенција на пожарникарите не било дозволено огнот да се прошири на резервоарот со бензин иако на него целосно е уништен моторот и целата предница. Зафатени се и останати делови од каросеријата на автомобилот.
Пожарникарите интервенирале кога судијката со семејството се вратиле дома. Таму била и полициската екипа. Подоцна во присуство на јавен обвинител бил направен увид.