Запалени три полициски автомобили кај црквата „Свети Марко“, повредени полицајци и демонстранти. Протестот од пред Собранието и зградата на РТС се пресели кај црквата каде демонстрантите во бес, запалија три полициски автомобили. Толпата тргна кон полицијата фрлајќи камења, по што кордонот беше принуден да се повлече.
Неколку полицајци се повредени вечерва во немирите пред српскиот парламент.
Ова го изјави директорот на полицијата, Владимир Ребиќ, вечерва како гостин во третиот дневен весник на РТС.
За потсетување, протестите следуваа по говорот на претседателот Вучиќ, заради мерките за спречување на ширење на вирусот корона.
Во меѓувреме, демонстрантите пвторно се собираат пред Собранието. Полицијата повторно фрла солзавци и побара засилување. Низ Белград, топлата пали канти си ја напаѓа полицијата, која употреби и сила врз неколкумина.
Во меѓувреме, пристигна и противпожарната служба за да не се прошири пожарот во во околниот парк. Полицијата повторно употреби неколку солзавци со цел да ја спречи толпата да влезе во Собранието. Демонстрантите возвратија со камења врз полицијата, по што еден кордон тргна во потера по нив.
Возилата на брзата помош имаат тешкотии да се пробијат низ Паркот на пионерите за да им укажат помош на повредените. Дел од полицијата ги тепаше демонстрантите, а беа доведени и полициски кучиња. Топлата во бес, демонираше и еден ресторан на улица Кнез Михајлова, фрлаќи со столици и маси кон полицискиот кордон. Дел од полицијата облечена во цивилна облека им помагаше на колегите.
Повеќето од демонстрантите носеа фантомки, а на булеварот Крал Александар, полицијата повторно фрлаше солзавци, а наскоро дојде и жандармеријата. Полицијата приведе и неколку демонстранти. Меѓу нив можеше да се заебележи и свештено лице кое се обиде да отргне приведен демонстрант од полицијата..