ЗАПОЧНА ОДБРОЈУВАЊЕТО ЗА НАЈГОЛЕМАТА ПЕНА – ПАРТИ


Уште неколку дена остануваат до почетокот на четвртата по ред најголема забава со пена во Европа која ќе биде на 1ви септември во Белградска Арена, Србија.

Во изминативе три години оваа журка ја имаат посетено над 60.000 посетители кои уживаа во 20 милиони литри на пена. Досегашни DJ-и кои гостувале на овој настан се Antoan Clamaran, Tom Novy, Christian Varela, Benny Bennassy, David Morales, Axwell, Sebastian Ingrosso, Sandy Rivera и многу други поддржани од балканските DJ-и.
Оваа година организаторите имаат најавено најголем спектакл досега проследен со иновативна и најсовремена аудио, видео и сценска технологија, ласери, акробации и перформанси во живо. Темата на овогодинешниот Фоам Фест ќе биде ICE AGE и ова издание ќе трае цели дванаесет часа. Публиката ќе ја забавуваат над 50 познати DJ – и меѓу кои се и KURD MAVERICK, ALEX GAUDINO, DARREN EMERSON, ARNO COST, DAVE FLOYD,RALPH GOOD и многу други. Вратите на Белградска Арена се отвараат во 20 часот, а журката трае до 8 часот изутрина.
Исто така во моментов на овој настан работат 40 млади луѓе од цела Европа со цел да добие интернационален карактер.
Влезница за овој настан е само 10 евра.
Доколку сакате летото да го завршите како што треба, не пропуштајте да се пронајдете во пената.
За повеќе информации foam.fest.macedonia@gmail.com

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1