Спортската академија по третпат започнува потрага по спортски таленти кои ќе бидат дел од спортските натпревари во фудбал, ракомет и кошарка во учебната 2014/15 година кои од оваа година ќе бидат распределени и во седум градови во државата.
Со ова, спортската академија ќе ги оспособи талентите да постигнуваат врвни спортски резултати и да се подготвуваат од рана возраст да станат членови на националните спортски селекции за фудбал, ракомет, кошарка и тенис.
Учениците ќе бидат подложни на посебна програма за образование и тренинг, а кандидатите за упис во прва година, ќе бидат селектирани од стручна комисија. Селекцијата ќе се врши по региони низ цела територија на Република Македонија и ќе се одвива во три фази скаутирање од стручни лица, селекција од стручен тим и тестирање на психофизичките способности од стручна комисија.
Учениците кои ќе бидат примени, а не се од градот каде што ќе ја посетуваат наставата, ќе им биде обезбедено сместување, храна и превоз до училиштето и до спортските терени.
Имено се работи за градовите Велес, (Гимназија Кочо Рацин) паралелки по ракомет и фудбал, во Гостивар (СОУ Гостивар) – паралелки по ракомет и фудбал, Охрид (ОУТУ Ванчо Питошески) паралелки по ракомет и фудбал, Штип (СОУ Коле Нехтенин) паралелка по фудбал, Прилеп (СОУ Мирче Ацев) – паралелки по ракомет и фудбал. Последните две паралелки се во Струмица (СОУ Никола Карев) по кошарка и фудбал и во Битола (ОСЗУ Кузман Шапкарев) во паралелките по ракомет и фудбал.