Запомнете го денешниот датум, затоа што можеби еден ден ќе биде запишан во историските книги како почеток на новата ера на луѓето.
Научниците во НАСА работеле на проект кој се викал EmDrive па случајно дошле до можеби најголемото откритие во историјата на астрономијата.
Имено, во една комора од проектот, ласерски знак патувал побрзо од светлината. Ова до сега се сметало возможно но само во теоријата, но сега за прв пат е проведено во пракса.
-Ова е огромно изненадување. Записот на EmiDrive изгледа токму онака како што треба да изгледа warp модел. А математиката која стои зад warp моделите е иста онаква како на примерокот на EmDrive. По се изгледа дека сето тоа се случило сосема случајно. Еден од научниците тврди дека патувањето на ласерскиот зрак кој бил побрз од брзината на светлината бил предизвикан од закривувањето на простор наспроти времето, објаснува еден научник.
Инаку, концептот на warp погон го смислил физичарот Мигуел Алкубјер.
Warp балонот е структура која околу објект го закривува простор наспроти времето и овозможува објектот кој е во него да „лаже“ и да премине огромни растојанија за многу кратко време. Warp моделот тоа го прави на начин што го набива просторот-време.
Бродовите во овој warp модел би се движеле со нормална брзина, но затоа просторот околу нив би се движел со брзина поголема од светлината (благодарение на феноменот збивање, односно warp-ување). Некои на научните форуми напишаа дека на овој начин, ако се испостави дека резултатите од овој експеримент се доверливи, до најблиските ѕвезди наскоро би можело да се отпатува за само два дена (на светлината до овие ѕвезди ѝ се потребни четири години).