Заработиле три милијарди долари од игра која ја давале бесплатно


Компанијата „Epic Games“ во 2018-та заработила 3 милијарди долари, најмногу поради популарноста на нејзината игра „Fortnite“, објави Форбс.

„Fortnite“ е бесплатна за играње, но повеќето од околу 125 милиони играчи во неа потрошиле барем малку пари. Сезонска пропусница (Battle Pass) чини 10 долари, а тука се низа предмети за играта кои може да се купат во онлајн продавница.

Играта е со добивка од 3 милијарди долари во текот на 2018-та.

Форбс наведува дека „Fortnite“ е забавна и заразна игра која може да ја играат сите. Бесплатна е, освен што сезонскиот Battle Pass чини 10 долари, а во играта може да се заработи и низ секојдневни предизвици.

Најголемиот предизвик за „Epic“ е да ја одржи играта забавна и свежа во месеците и годините кои доаѓаат, пренесува Index.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1