Во Кривичниот суд денес треба да продолжи судскиот процес за случајот „Диво Насеље“. Булеварот Илинден е блокиран поради што утринава забележителен е поголем сообраќаен метеж на останатите улици. Околу судот и денес има засилено полициско обезбедување.
Обвинителството повика околу 40 заштитени сведоци, а очекувањта се дека ќе бидат повикани и од одбраната.
За тероризам, кривични пријави се поднесени против 29 лица во ноември минатата година од страна на Основното јавно обвинителство.