Денеска температура до 28 степени


Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Преку денот ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер претежно од јужен и југоисточен правец.sonce relaks

Утринската температура ќе се движи од четири до 11, а дневната од 23 до 28 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со умерен повремено засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 26 степени.

Од петок до недела ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, а ќе има и услови за појава на грмежи особено во сабота.

Од понеделник се очекува стабилизирање на времето и постепено затоплување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1