Врие полиција во Скопје, дел од улиците затворени – надлетуваат хеликоптери


Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судскиот процес за случајот „Диво Насеље“. Булеварот Илинден е блокиран поради што утринава забележителен е поголем сообраќаен метеж на останатите улици. Околу судот и денес има засилено полициско обезбедување.

Обвинителството повика околу 40 заштитени сведоци, а очекувањта се дека ќе бидат повикани и од одбраната.sud mk3

Инаку, во случајот „Дива населба“ се обвинети вкупно 29 лица за тероризам и терористичко организирање за случувањата од 9 и 10 мај во кумановско.

Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени.

Убиени беа и десет лица од вооружената група.

Забележано е силно полициско обезбедување како пред Судот, така и на улиците.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1