Заштитниот сведок за убиството кај Смиљковското езеро е жена


Заштитниот сведок на јавното обвинителство кој се појави пет месеци по  петкратното убиство кај Смиљковското Езеро е жена, пишува весникот „Коха“.

сведокот бил пронајден пред две недели, шифрираното име му е Е1, а треба да сведочи деновиве. Според истрагата се очекува неговото сведочење да е клучно за покренување обвинение.

Според пишувањата на весникот заштитениот сведок е жена, која тврди дека била сведок на случувањата кај Смилковското езеро.

„ Оваа информација ја отфрлаат и ја сметаат за смешна семејствата на притворените. Тие и понатаму стојат на ставот дека компетентните инситуции прават максимални напори осомничените да бидат прогласени за виновни, иако реално не располагаат со ниту еден доказ за нивната инволивраност во случајот“, пишува Коха.

Инаку oва е втор сведок со заштитен идентитет. Претходниот Хаки Хазири самиот побарал да му биде одземен статусот по што од сведок стана 6-то осомничен за помагање тероризам.

Во затворите во Битола и Прилеп петти месец притворени се 4- ца од осомничените за велигденскиот масакар на Смиљковското Езеро. Двајца се се уште во бегство.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1