Застој на „Богородица“ на секој час по 15 минути ќе се пропуштаат возила


Граничните премини кон Грција од денеска ќе функционираат отежнато поради 24 часовниот штрајк на грчката царина. На граничните премини Дојран и Ники ќе се пропуштаат само пешаци, додека на граничиниот премин Евзони товарниот сообраќај ќе биде во целосен прекин, а повремено ќе се пуштаат автомобили и автобуси.

Како што информира АМСМ, од вчера во 21 часот на граничниот премин Стар Дојран грчката царина не пропушта патнички и товарни возила, односно се пропуштаат само пешаци. На граничниот премин Богородица од ноќеска на полноќ товарниот сообраќај при влез и излез во Грција е во целосен прекин, додека автобускиот и патничкиот сообраќај функционира со повремени прекини (60 минути блокада, 15-тина минути пропуштање).

Утринава од 7:00 часот почна штрајк и на граничниот премин Ники и ќе трае до 24 часот. Поради тоа на граничниот премин Меџитлија ќе бидат пропуштани само патници кои патуваат пешки додека возилата нема да бидат пропуштани.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1