Застој во сообраќајот на патниот правец Скопје-Велес, испратена дополнителна механизација


Центарот за управување со кризи информира дека на автопатската делница на патниот правец Скопје- Велес, кај месноста Кула, во краток временски период има наврнато големи количини на снег, што предизвикува застои во сообраќајот заради бавното движење на возилата.sneg-bura-nevreme

-Веќе е пратена дополнителна механизација која ќе помогне во побрзо расчистување на овој патен правец, велат од ЦУК и апелираат граѓаните да ја имаат во предвид оваа информација и доколку имаат можност да се воздржат од патување по овој патен правец во наредните час до час и половина.На патниот правец дополнително се испратени патроли на сообраќајната полиција за регулација на сообраќајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1