Застрашувачки рани од убоди од стршлен – овие животни убија 49 луѓе (Видео/Фото)


Џиновски стршлени усмртија повеќе од 49 и ранија околу 1600 луѓе во Кина од кои најмалку 37 од нив се наоѓаат во критична и тешка состојба и се во болница.

385643_strs-01_f

Оние кои преживеаја имаат застрашувачки рани – кратери кои изгледаат како рани од куршуми.
Во последните три месеци инсектите најчесто вршеле инвазија на градовите Ангаканг, Ханџонг и Шнагуло.
Локалните стручњаци велат дека станува збор за џиновски стршлени кои можат да пораснат и до пет сантиметри со обем од шест сантиметри.
Карактеристично за нив е што колку повеќе трчате, толку повеќе ве бркаат.Некои од нападнатите велат дека стршлените ги бркале и по 200 метри.
385645_strs-03_f
Властите мобилизираа специјален тим на лекари кои обучија медицински лица со цел згрижување на жртвите од нападите на „летечките џинови“, додека во некои краеви пожарникарите работат на отстранување на нивните гнезда.

385644_strs-02_f

Стручњаците објаснуваат дека тие се најагресивни во сезона на парење во септември и октомври. А и топлото време во Кина придонело тие да бидат агресивни.
Овие стршлени се забележани и во Франција. Се претпоставува дека биле донесени со пратка на кинески порцелан во 2004 година.
И Англија стравува дека ќе има проблем со сршлените бидејќи според истражувачите колонии се пронајдени и во оваа земја. Тешко е да се забележат бидејќи овие животни своите гнезда успешно ги кријат на места на кои е невозможно да се забележат.
Поголемиот број смртни случаи во Кина бил поради алергина на силниот отров на стршлените.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1