Застрашувачко видео: Со своето тело го заштити синот од бесните кучиња


Откако дијвачки ги нападнале две кучиња, храбрата мајка од Калифорнија со своето тело го заштитила синот од нападот.

Момчето кучињата го нападнале пред куќата, а мајката веднаш дотрчала до него и застанала така да го заштити од дивеењето на животните. Поради тоа што не можела веднаш да ги пронајде клучевите од куќата, некое време со телото го штитела синот, а дури и го подигнала над главата.screenshot_79

Успеале да се извлечат кога им помогнала сосетката која со стап ги истерала животните.

Момчето завршило во болница со угризи по целото тело, додека мајката е полесно повредена.

Таткото на момчето Спенсер Бишоп, ги погледнал снимките од безбедносните камери, но рекол дека снимката е толку шокантна што не би можел повторно да ја гледа.

-Тоа беше постојана борба, пет или седум минути чист терор, изјави Бишоп за КТЛА.

Додаде дека неговиот син има големи рани на лицето и нозете.

-Пластични хирурзи му го оперирале лицето, вознемирено вели таткото.

Својата жена ја нарече храбра и додаде дека луѓето не можат да го замислат тоа чувство додека не се случи на нивната жена или дете.

Кучињата сега се наоѓаат во Канцеларијата за контрола на животните, а по истрагата ќе биде познато дали ќе бидат успиени.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1