На 25.07.2013 година околу 08,00 часот во Скопје, на ул.„Покриена Чаршија“ бр.55, во златарата „Љама“, две непзонати лица маскирани со фантомки на главите, едното вооружено со пиштол, а другото со гумена палка, извршиле разбојништво во обид над сопственикот Р.В.(1973) од Скопје.
Лицата влегле во златарата и едното од нив го удрило Р.В. со палката во пределот на главата, а другото со пиштолот испукало неколку куршуми кон него, при што го погодило во пределот на десното рамо, левата натколеница и стомакот.
Разбојниците не одземајќи ништо избегале. Р.В. е пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“, каде му се утврдени ТТП и е задржан на лекување. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје. Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицата – соопшти МВР.