Заталкан куршум го погодил в глава додека го возел своето бебе


На булеварот Илинденска во Тетово, вчера околу 15 часот, додека 28-годишниот тетовец З.П. заедно со својата сопруга С.П. (25) и со нивното бебе, се движеле со своето возило „ситроен“ со тетовски регистарски ознаки, возачот слушнал удар на покривот од возилото и во истиот момент почуствувал болка во пределот на главата.bullet_from_revolver_1

Веднаш се паркирал и излегол од возилото, при што забележал дека од главата му тече крв. Од страна на случаен минувач бил пренесен во Клиничка болница Тетово, каде од страна на лекар му била констатирана повреда во пределот на главата и по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово, при што во возилото било пронајдено зрно од куршум со калибар 7,62 мм, кој е подигнат за вештачење.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1