Заталкан куршум завршил во детска соба – за среќа била празна


Заталкан куршум завршил во детска соба во куќа во гостиварското село Врапчиште. За среќа во куќата немало никој и освен оштетувања на инвентар нема повредени, јави МИА.kursum

Според Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово, случајот во полиција го пријавил Е.Ј. (68) од Врапчиште. По извршениот увид било утврдено дека дека во периодот од 3 до 5 овој месец, заталкан куршум од огнено оружје причинил оштетување во куќата на М.С. (39) од Врапчиште. Проектилот поминал низ ролетната од вратата на детската соба во приземјето, удрил во ѕидот и паднал на подот во ходникот.

– Нема повредени, зашто во куќата на чиј сопственик е времено вработен во странство немало никој. Вкупната материјална штета се проценува на 20 илјади денари, Проектилот е подигнат за вештачење и се работи на расветлување на сите поединости поврзани со пријавеното-кој, кога и зошто пукал – изјави Јосифоски.

Од почетокот на годинава, на гостиварското подрачје регистрирани се 11 случаи на заталкани куршуми. Во еден, животот го загуби малолетник, а две лица поминаа со повреди. Во преостаните осум случаи предизвикана е штета врз автомобили и домашен инвентар.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1