На навивачот Игор Микиќ му се заканува казна затвор, бидејќи за време на директниот пренос на натпреварот Србија – Албанија го навредуваше српскиот премиер Александар Вучиќ.
Tој е приведен во полиција за навреди упатeни кон премиерот, нo и за насилно однесување на трибините. За ова кривично дело предвидена е и затворска казна од 6 месеци до 5 години и парична казна.
Ако биде прогласен за виновен, нему ќе му биде и забрането да присуствува на натпревари.
Откако беше спроведена истрага како Микиќ успел да влезе во ложата наменета само за новинари, тој соопшти дека акредитацијата ја добил од пријател на татко му кој порано бил и делегат на фудбалскиот сојуз и фудбалски тренер и сојузен делагат.