Затворска казна за палење на државното знаме по спортските терени. МВР предлага измени во законската регулатива со кои ќе се спречи насилното однесување и инцидентите пред, за време и по спортските натпревари.
Без лична карта љубителите на спортот нема да може да купат билет за да го следат натпреварот во живо. Клубовите пак ќе треба да изготват листа на навивачи кои редовно ги бодрат од трибините, евиденција на бројот на навивачи ќе треба да водат и националните федерации. Седиштата ќе бидат нумерирани а ќе има и посебен влез и излез за гостинските навивачи.
Гостите ќе треба однапред да го најават бројот на навивачи кои ќе допатуваат со нив , а истите ќе бидат сместени во посебен дел од трибините со ограда одвоени и обезбедувани од полицијата.
Доколку решат да патуваат во сопствена режија ќе подлежат на санкции. Навивачите кои ќе се најдат на листата на хулигани кои претходно предизвикале инцидент на трибините нема да може го следат натпреварот.
Според однапред изготвената евиденција на организаторите на спортските настани МВР ќе го одреди и бројот на редари кои ќе го обезбедуваат натпреварот.