Затворен за сообраќај потегот од општина Кисела Вода до Стара рампа


Поради изведување градежни работи на улица Борис Трајковски (Првомајска) на потегот од општината Кисела Вода до Стара рампа сообраќајот целосно ќе биде прекинат. Сообраќајот ќе е во прекин до 7 октомври.

Возачите ќе бидат пренасочени –

– кон Драчево по улиците Антон Попов, Димо Хаџи Димов, Народни херои,

– кон Центар по улиците Народни херои, Димо Хаџи Димов и Антон Попов .

За време на изменетиот режим на сообраќај, град Скопје ги замолува сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1