Затворениците бараат амнестија или нема да гласаат на избори


Попладнево во Претседателкиот кабинет на претседателот Ѓорѓе Иванов пристигнаа 1800 молби од затвореници од Идризово и затворот во Штип кои бараат помилување по теркот на она направено за политичарите. Сите се потпишани на список со молба за помилување и намалување на казните за 30 проценти до половина.

На списокот има и осудени на доживотен затвор кои бараат казните да им се намалат на 15 или 20 години затвор. Барањата ќе бидат доставени преку скопска адвокатска канцеларија, за да бидат поминати сите регуларни и законски предвидени процедури.zatvor kjelija

Затворенците сметаат дека по одлуката на Иванов за помилување на политичарите повеќе правото и милоста за нив не важи.

Од Иванов бараат да има доблест и она што го стори за наводно помирување на политичарите да го стори и за нив. Во обраќањето до претседателот од адвокатската канцеларија потенцираат дека помилуваните политичари имаат високо образование но и зголемена политичка одговорност.

Затворениците пак имаат исто право како и политичарите да бидат со своите семејства. Најголем дел од оние кои бараат помилување се осудени за криумчарање мигранти. Од затворот Идризово помилување побараа сите затаворенички од женскиот дел

Доколку бидат одбиени барањата затворениците најавуваат дека ќе започнат штрајк со глад.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1