Затворено едно од најпознатите скопски кафулиња


Од вкупно контролирани 16 угостителски објекти вчера во Скопје, УЈП и Пазарната инспекција кај осум објекти констатирале неправилности. Во шест угостителски објекти контролите не се извршени бидејќи биле затворени, а во два не биле евидентирани никакви неправилности.
Како што соопшти МВР, при контрола на СВР Скопје заедно со УЈП и ДПИ, во угостителските објекти на ДТУ „МАТО КАФЕ“ – подружница и ДЕЖАВУ лоциран на улицата „Кирил и Методиј“ при вчерашната контрола немало никакви неправилности.
ujp1
Во кафе барот „МИСТЕР ЏЕК ДООЕЛ“ лоциран на булеварот „Партизанска“ при извршената контрола на пазарната инспекција било констатирано дека објектот не поседува нормативи за храна за што е издадена покана за денеска тие да бидат доставени на увид во ДПИ. Истото е констатирано и за “ДУТ Пицерија ЦИРИХ“ лоцирана на улицата „Џон Кенеди“.
Во угостителскиот објект на „МЕНАДА КОМПАНИ ДООЕЛ“- подружница БУГАТИ на улицата „Љубљанска“ при извршената контрола било констатирано нерегистрирање на готовински промет преку фискален апарат, за што е изречена глоба во износ од 3.250 евра во денарска противвредност од кои 2.500 евра за правното лице, а 750 евра за одговорното лице во правното лице, како и Решение за забрана за вршење дејност во времетраење од 15 дена.
Во “ДТУ СИГНУС ТРЕЈД“ Скопје подружница СИТИПЛЕЈ биле затекнати физички лица кои што пушат, за што изречена е глоба во износ од 2.500 евра во денарска противвредност за правното лице и одговорното лице во правното лице, а од страна на полицаец издадени се три платни налози и изречена е глоба на физички лица од по 150 евра во денарска противвредност за сторен прекршок согласно Законот за заштита од пушење.
Во ДПТУ „КОНСТРАКШН ИНВЕСТ ГРУП ДОО“ Куманово – подружница ЧАПТЕР-2 Сити Мол констатирано е пушење во објектот и изречена е глоба во износ од 2.500 евра во денарска противвредност за правното лице и одговорното лице во правното лице, како и издадени се четири платни налози и изречена глоба на четири физички лица од по 150 евра во денарска противвредност заради пушење во објект.
Во ДУ „БО КОНЦЕПТ ДОО“ Скопје подружница Скопје Сити Мол било консатирано дека не поседува нормативи за вид и количина на храна што се послужува во објект, за што е изречена глоба во износ од 1.500 евра во денарска противвредност за правното лице и одговорното лице во правното лице.
Во Угостителски објект ДТ „ПЛАЗА ДЕ ТОРОС ДООЕЛ“ Скопје во ГТЦ на улицата „Кеј 13-ти Ноември“ биле затекнати осум лица кои пушат во објектот, за што е изречена глоба во износ од 2.500 евра во денарска противвредност за правното лице и одговорното лице во правното лице, а полицијата издала осум платни налози и изречена е глоба во износ од по 150 евра во денарска противвредност на осум физички лица кои што пушеле во објектот.
Во ДТУ „КАПИТОЛ ПЛЕЈ ДООЕЛ“ лоциран на булеварот „Јане Сандански“ констатирано е неиздавање на фискални сметки преку фискален апарат, за што изречена е глоба во износ од 3.250 евра во денарска противвредност од кои 2.500 евра за правното лице и 750 евра за одговорното лице во правното лице.
Објектите ГО-БА-1 на ул. „Кеј 13-ти Ноември“ и ВЕНЕТО лоциран во Сити Мол, угостителските објекти „АРИСТОКРАТ“, „БРАВОС“, „ЧАО“, „СТАР ОКЕАН“ и „АВАНТИ“ при контролата биле затворени.
Во изминативе шест дена вкупно се контролирани 92 угостителски објекти на подрачјето на СВР Скопје при што на 34 угостителски објект од страна на УЈП и ДПИ им беа изречени глоби во висина од околу 87.000 евра во денарска противредност, а исто така глоби согласно Законот за пушење (во висина од по 150 евра) им се изречени и на над дваесетина гости затекнати со цигари во објектите, спротивно на законските одредби.
На 14 објекти од страна на инспекциските служби им се изречени решенија за времена забрана на дејноста во траење од по 15 дена, а во пет случаи изречена е забрана за вршење дејност во траење од 30 дена.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1