Затворска казна за докторите ако не снимаат операција


Од 15 септември здравствените установи ќе мора да ги снимаат хируршките интервенции и да ги архивираат снимките.

Во врска со новите правила, Министерството за здравство донесе правилник согласно со Законот за медицински студии.

300179-operacija-foto-marija-jankovic-fЌе се снимаат операции од сложени и ретки случаи за кои кадарот не е усовршен и кога се применува недоволно познат метод. Снимките потоа ќе се архивираат во база. Установите треба да се подготват и некои од нив да набават опрема, имајќи предвид дека ќе треба да се снима само еден помал дел од отворената хирургија, кога се работи за нови, невообичаени случаи и методи кои ги немаат усовршено поголем дел од докторите.

Со оваа новина во македонското здравство еднаш засекогаш ќе се стави крај на гласини дека е направена лекарска грешка, така што се овозможува заштита на правата на пациентите, но и на здравствените работници.

Доколку установата не овозможи снимање на интервенциите, предвидени се парични или затворски казни за одговорните.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1