За околу 280.000 основци и средношколци заврши летниот распуст и од утре за нив почнува новата 2014/2015 година.
Учебната година почнува со засилени хигиенски мерки и дезинфицирани училници поради појавата на зараза од жолтица во неколку општини.
Надлежните органи препорачаа засилени превентивни мерки против жолтицата. Комисијата за заразни болести апелира на зголемување на личната и колективната хигиена, како најважен начин за превенција од оваа заразна болест.
Надлежните ги задолжија училиштата и градинките да преземат соодветни мерки за зголемени хигиенски услови што ќе се проверува од инспекторите.
И покрај сите околност од Министерството за образование уверуваат дека обезбедени се услови во училиштата во сите општини во земјава непречено да почне новат учебна година.
Оваа учебна година, новина е што учениците од прво до трето одделение ќе изучуваат предмети кои до сега се учеа во повисоките оделенија како : хемија, физика и биологија.
Годинава за првпат во училишнатаа клупа ќе седнат 20 илјади првачиња, а новата учебна година почнува за 280.000 основци и средношколци.