Завршил 3 факултети, а сега продава книги да преживее – апел за помош на Коро Бадаровски


Завршил три факултети, а сега продава библии за да преживее. Ова е трагичната приказна на 55 годишниот Кире Бадаровски од скопски Бутел. Пред 8 години доживеал тешка сообраќајна несреќа кршејќи си ја клучната коска и главата. По влошената здравствена состојба бил приморан да ја напушти работата. Од тој момент, неговиот живот тргнал наопаку. Својата голгота ја раскажува за камерата на ТВ НОВА.

На маките на Кире им нема крај. Една година по сообраќајната несреќа, морал да ја напушти куќата во која живеел во Бутел зашто при секој пороен дожд му се поплавувала. Сега заедно со татко му живеат во скопско Влае. Единствен извор на егизстенција е платата на татко му која како што вели Кире, не ги покрива ниту основните потреби за живот. Обидувајќи се да собере пари за нова операција, тој е приморан да ја продава Библијата на улица.

Овде завршува приказната храбриот Кире, но не и апелот за помош. И покрај својата трагична судбина, Кире е оптимист. Сепак верува во едно подобро утре и дека потребните средства за оперцијата може да се соберат само доколку граѓаните и институциите ја покажат својата хуманост на дело.

Дали може трагичната приказна на скопјанецот Кире Бадаровски да има среќен крај?

АПЕЛ ЗА ПОМОШ ЗА КИРО БАДАРОВСКИ ОД СКОПЈЕ

Контакт телефон: 072-596-911
Паричната помош може да ми се испрати на следната
Трансакциска сметка: 21050-15778427.89
НЛБ-Тутунска банка
IBAN: MK07210501577842789
SWIFT: TUTNMK22

Однапред благодарен,
Киро Бадаровски, Скопје

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1