„Збесна” ќерката на Слободан Милошевиќ


Марија Милошевиќ-ќерката на поранешниот претседател на Југославија Слободан Милошевиќ кога дознала дека на нејзиното семсeјтво им го одземаат имотот во Дедиње на улица Ужичка, веднаш напишала жалба до српскиот суд.

Марија во жалбатa напишала дека нејзините права се повредени на првото судење и побарала ново судење.

Slobo-Marija-Milosevic500

Таа сакала да се врати во Србија бидејќи имала каде да живее, а сега мора да ја чека одлуката на судот. Во нејзината намера, како што наведуваат српските медиуми, ја спречува потерницата која е разпишана за неа во 2001 година, поради пукањето во вилата Мир.

– Бесна е поради се што се случува, а разочарана е и од нејзините долгогодишни пријатели во Србија. Огорчена е што нејзиниот татко е прикажан како измамник, изјавил анонимен извор, кој додал и дека Марија има стан на Дедиње кој го издава под кирија и од таа крија преживува во Црна Гора.

Анонимниот извор рекол и дека Марија е иста како порано, само што малку се здебелила.

Инаку, апелациониот суд во Белград ја потврди првостепената одлука со која од наследникот Слободан Милошевиќ се одзема куќата на улицата Ужичка 34. Судот утврди дека недвижностите се во сопственост на државата. Спорот околку куќата на Дедиње траеше цели 13 години, а Милошевиќ плацот и куќата ги купил во 1999 година за тогашни 9.500 марки.

Државата пред неколку години ги процени плацот и куќата на Милошевиќ на околу 105.000 евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1