ЗБОГУМ ХАРТИЕНИ БИЛЕТИ: Од септември во автобусите на ЈСП само со СКОПСКА картичка


Крајот на ерата на хартиените билети се ближи, а доаѓа напредно технолошко време. Вака може да се опишаат новитетите кои надлежните ги воведоа од годинава во државните и приватните автобуси на ЈСП.jsp avtobus vnatre

Од септември во целокупниот градски превоз задолжително ќе мора да се користи персонализирана или непресонализирана СКОПСКА картичка.

Без разлика дали ќе користат возила од ЈСП СКОПЈЕ или пак од приватните превозници граѓаните ќе заштедат време, нерви и пари, велат надлежните.

ЈСП и приватните превозници ќе имаат строго определени линии на движење, оптимизација на возниот ред и стриктно придржување кон истиот, а се очекува да се намалат турканиците во автобусите и навремено пристигнување до посакуваната дестинација на граѓаните. Што се однесува до цените пак, и во приватните и во државните автобуси ќе бидат исти.
Сите автобуси се опремени со валидатори и ГПС уреди, преку кои во релно време може да се лоцира возилото, да се провери дали застанува на сите постојки, со која брзина се движи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1